Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
Двократниот германски фудбалски првак Келн го отпушти денеска тренерот Герхард Штрубер на две кола пред крајот на второлигашкото натпреварување, иако тимот е сè уште во одлична позиција да избори враќање во Бундеслигата од која испадна лани.
Келн го препушти првото место на табелата минатиот викенд откако ремизираше 1-1 дома со Регенсбург.
На две кола до крајот на сезоната, Келн е второпласиран со 55 бодови, еден помалку од водечкиот Хамбургер, но три повеќе од третопласираниот Елверсберг и четвртопласираниот Падерборн.
Директна промоција во Бундеслигата обезбедуваат двете првопласирани екипи и на Келн ќе му бидат доволни четири бодови од последните две кола во кои ги очекува гостување во Нирнберг в петок и домашен натпревар против Кајзерслаутерн на 18 мај.
Ново на Сител
-
Арсовска: Инспектор од МВР фатен како прави див приклучок за вода, во бес физички напаѓа советничка | ВИДЕО
-
Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
-
Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров