КЦ на Црна Гора: Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност
Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност, соопштија днееска од Клиничкиот центар на Црна Гора. Во таа болница во Подгорица се згрижени четири лица кои се ранети – едно е стабилно, а тројца се на интензивна нега, од кои едно е во животна опасност.
Во соопштението се наведува дека двајца пациенти се надвор од животна опасност и се згрижени во болница во Цетиње, јавуваат подгоричките медиуми.
Една од ранетите хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора во моментов е стабилен, надвор од животна опасност и е сместена на Клиниката за неврохирургија.
„Вториот пациент е третиран хируршки по приемот, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, животот му е загрозен и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега“.
Во соопштението се додава дека третиот пациент има повреда во пределот на абдоменот хируршки е третиран и е на понатамошна интензивна терапија и мониторинг и исто така е сместен на одделението за интензивна нега.
„Четвртиот пациент има повреди на вратот и градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така е оперативно третиран и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“, соопшти Клиничкиот центар на Црна Гора
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите