-->
-->
Казнети 245 возачи кои што возеле побрзо од дозволеното
-->
Во текот на вчерашниот ден (27.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи.
Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 129 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен
-
Комората на Македонија - Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба