Казна од шест и пол години затвор за возачот кој ја прегази девојката кај Универзална сала
На затворска казна од шест години и шест месеци е осуден Љ.В., возач во сообраќајната несреќа што се случи на 3 април 2015 година на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во која едно лице го загуби животот, објави денеска на својата веб страница Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
- Ценејќи ги сите материјални и вербални докази кои беа изведени во текот на постапката, вештиот наод и мислење, како и олеснителните и отежителните околности, обвинетиот Љ.В. го огласи за виновен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 2 вв член 297 ст 1 од КЗ и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 ст 1 од КЗ, и го осуди на единствена казна затвор во траење од 6 години и 6 месеци затвор, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1.
Судот на Љ.В. му изрече и забрана за управување моторно возило во траење од една година по правосилност на пресудата, при што времето минато при издржување на казната затвор нема да биде засметано.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце