-->
-->
Кавани останува уште една година на „Олд Трафорд“
-->
Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани го продолжи денеска договорот со англискиот прволигаш Манчестер јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ до лето 2022 година.
Кавани (34) потпиша едногодишен договор со Јунајтед во октомври минатата година, активирајќи ја сега клаузулата од договорот за продолжување на соработката за уште една сезона.
Двете страни го обелоденија договорот неколку денови по пласманот на Манчестер јунајтед во Лига Европа по елиминацијата на Рома во полуфиналето со вкупни 8:4, а Кавани постигна половина од головите за својот тим, продолжувајќи ја голгетерската серија во својата дебитантска сезона во дресот на „црвените ѓаволи“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена