Католички свештеници во Полска се забавувале со машка проститутка
Скандал ја потресува Католичката црква во Полска откако минатата недела во градот Даброва Горница свештенците организирале „секс забава“ со машка проститутка.
„Газета Виборча“ објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, поради што била повикана брза помош, но кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа наводно повикале полиција, која им помогнала да стигнат до човекот кој бил бессознание.
Портпаролот на локалното обвинителство за весникот изјави дека е почната истрага за евентуално не укажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор.
Настаните потоа добија дополнителен драматичен пресврт кога маж ги запали вратите на базиликата во парохијата каде што се случи инцидентот. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен за подметнување на пожар.
Локалната католичка курија потврди дека имало инцидент, како и оти е формирана комисија која итно ќе објасни што се случило. Куријата посочи и дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите објавени во некои медиуми“.
Ново на Сител
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД