Касами: Прифатлив е секој предлог кој доаѓа од ЕУ
Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска порача дека како политички субјект за нив не се прифатливи било какви насилни протести. Нагласи дека поддржуваат мирни протести.
Според него, прифатлив е секој предлог кој доаѓа од ЕУ и европските центри во случајот како Париз. Затоа, порача Касами, дека како граѓани на Северна Македонија ако сакаме да споделиме европски вредности треба да имаме повеќе доверба во предлозите што ни доаѓаат од Европската унија.
-Сигурно дека ЕУ е заснивана на вредностите на заштита на малцинствата и загрозените групи во општествата, затоа мислам дека секоја ситуација која се креира во делот на дискриминацијата на нашите помали народи во таа голема Европа треба да биде земена како неточна. Повик до сите граѓани дека ако веруваме во европските вредности тогаш треба да ги прифатиме предлозите кои доаѓаат од нив, да го решиме проблемот и кога ќе бидеме дел од ЕУ ќе имаме повеќе можности согласно тие стандарди за човековите права, малцинските права, правата на сите помали народи во рамките на ЕУ ќе бидеме позаштитени од колку што сме сега. Повик до сите граѓани да не подлегнат на луѓе кои не и сакаат добро на државата, ниту на Македонците, ниту на другите народите во Македонија, затоа што сите граѓани во земјата немаат друга иднина освен интегрирање во ЕУ, истакна Касами.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
