Касами од Курти побара новата косовска влада да биде „поактивна во однос на Албанците во Северна Македонија“
Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори, го прими денеска претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, кој, како што соопшти ВВ, изрази надеж дека новата косовска влада ќе има „поактивен однос кон „проблемите и маките“ на Албанците во Северна Македонија“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Весели му честита на Курти за изборната победа и изрази уверување дека „изразената волја за промени (во Косово) испрати позитивни сигнали во регионот, а посебно кај Албанците во Северна Македонија “.
Курти, според соопштението од неговата партија, се заложил за тоа на Албанците во Северна Македонија „освен што ќе им се почитуваат правата и слободите, да им се прошират и можностите за прогрес и добросостојба“.
Соговорниците се договориле во иднина да ја зачестат комуникацијата.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија