-->
-->
Карвахал уште 5 години во Реал
-->

Шпанскиот репрезентативец Дани Карвахал го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2020 година, потврди клубот на својата интернет страница.
Карвахал решил да ја продолжи соработката со Реал иако според медиумите бил блиску до заминување, особено по доаѓањето на Бразилецот Данило од Порто.
Десниот бек во кариерата настапувал за младинските тимови на Реал, во 2012 година играше во Бундеслигата во Баер Леверкузен, а поради добрите игри Реал во 20103 година реши да го врати на „Сантијаго Бернабеу“.
Изминатите две сезони Карвахал одиграл 87 натпревари, постигнал два гола и имал осум асистенции.
Како играч на Реал во 2014 година ја освои Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
