Каролина и Михаил во исчекување да станат родители!

Во Македонската опера и балет, синоќа се одржа првиот од седумте закажани концерти на Каролина Гочева на кои ќе го промовира својот најнов албум насловен „Извор“.
По тој повод, за дневниот весник „Нова Македонија“, Каролина раскажа за тоа како настал албумот, предизвикот да се направат концерти на непромовиран материјал пред јавноста, жртвите да се опстане во кариерата, но и да открие интимни детали од бракот како и за желбата да стане мајка.
Пејачката речиси секогаш е резервирана кога е нејзиниот живот во прашање, па дури и кога ќе реши да одговори на таквите прашања, тоа го прави во неколку зборови.
Дали новите песни му се доаѓаат на вашиот животен сопатник Михаил и дали некогаш ви сугерира нешто, ви дава ли добронамерни критики, има ли тој омилена песна од вашиот репертоар?
– Му се допаѓаат и некако целосно го вклучив уште од самиот почеток во процесот на развивање на песните и сакав да ги чујам неговото мислење и сугестии. Не знам за омилена песна, но секако дека му се допаѓа вкупниот производ.
Дали е време да се размислува и за нов член во семејството, кој ќе му даде една нова димензија на вашиот живот?
- Се разбира, тоа е наша голема желба…
Целосното интервју можете да го прочитате тука
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
