Карикатуристот кој го нацрта пророкот Мухамед со тело на куче загина во сообраќајна несреќа
Шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој го нацрта пророкот Мухамед со тело на куче, загина во сообраќајна несреќа, објави Би-Би-Си.
Вилкс (75) живееше под полициска заштита откако добил бројни смртни закани поради карикатурата.
Според локалните медиуми, карикатуристот патувал со полициски автомобил без ознаки кој се судрил со камион во близина на градот Маркарид во јужна Шведска. Загинаа и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден.
Карикатурата, објавена во 2007 година, навреди многу муслимани, кои сметаа дека тоа е богохулие. Набргу потоа, Ал Каеда понуди награда од 100.000 долари за убиство на Вилкс.
Цртежот предизвика бес и го натера тогашниот премиер Фредрик Рајнфелд да се сретне со амбасадорите од 22 муслимански земји во обид да ги смири тензиите.
Во полициското соопштение се наведува дека се уште не е јасно како дошло до судирот, но првичниот увид не покажал умисла.
Ново на Сител
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата