По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море

Морскиот мекотел „Glaucus atlanticus“, познат како „син змеј“, повторно е забележан во средоземноморските води по повеќе од три века. Овој вид полжав без школка, којшто се одликува со своите светлосини и сребрени нијанси, природно ги населува отворените води на Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан. Неговото присуство во Средоземното Море, затоа, предизвикува значителен научен интерес.
Забележано во водите на Шпанија – кај Аликанте, Балеарските Острови и Торевиеха, и иако изгледа како суштество од бајка со својот речиси „митски“ изглед, ова морско животно, сепак, е високоотровно, способно да предизвика болни убоди, објавува „Дејли дајџест“ (Daily Digest). „Глаукус атлантикус“ е полжав-гастропод којшто нема заштитна школка во својата возрасна фаза. Се храни со токсични организми и ги складира нивните клетки (нематоцисти) како свое средство за одбрана. Неговото мало тело и прилагодливата воздушна ќеса му овозможуваат да лебди во горниот слој на морето.
Убод од „Глаукус атлантикус“, којшто поболен и од оној на многу медузи, може да предизвика силна болка, црвенило, оток, чешање и плускавци во повреденото место. Во поретки случаи, тоа може да предизвика гадење, повраќање, вртоглавица и алергија. И покрај малата величина, неговата отровност веќе доведе до затворање на плажите во областите каде што ова суштество е откриено. Она што е особено занимливо и изненадувачки е прилагодливоста на живот близу морската површина, пишува „Нејшнал џиографик“ (National Geographic).
Појавата на „синиот змеј“ во Средоземното Море може да биде поврзана со промените во морските екосистеми предизвикани од глобалното затоплување, вклучувајќи зголемена температура на водата, промени во соленоста, достапност на храна и изменети морски струи. Присуството на овој вид укажува на динамиката и променливоста на морските заедници и може да послужи како биоиндикатор за промени во екосистемите.
Крајбрежните власти во неколку шпански области воведоа патроли на плажа ова лето за да го следат присуството на овој опасен вид и да ја намалат опасноста по капачите.
„Глаукус атлантикус“ е само еден од повеќе од 500 егзотични видови коишто се проширија низ Средземното Море последниве десетлетија, со директни последици врз биоразновидноста и по безбедноста на луѓето. Други примери се ретката риба-скорпија, чијшто убод може да биде опасен по живот, и синиот рак, кој веќе го прошири својот опсег по поголемиот дел од средоземномрскиот брег.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
