-->
-->
Кардиохирургот Џемаили заинтересиран за изградба на центар за рехабилитација во Струга
-->
Изградба на центар за рехабилитација во Струга била главна тема на денешната средба на градоначалникот Рамиз Мерко со кардиохирургот Орхан Џемаили.
Џемаили, кој живее и работи во Швајцарија, како што соопшти општинската прес-служба, бил заинтересиран за изградба на центар за рехабилитација, проект вреден осум милиони евра.
– Стручниот персонал ќе бидат доктори од Швајцарија, водени од кардиохирургот Џемаили, додека техничкиот и помошниот персонал ќе бидат стручни лица од Струга, со што ќе се отворат нови работни места за граѓаните на општина Струга, стои во соопштението.
Општина Струга информира дека во финална фаза е изработката на документацијата за изградба на нова општа болница во градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип