Карбинци ќе го развива турзимот во викенд населбата Вртешка
Општина Карбинци доби 450.000 евра од Светска банка, за подобрување на инфраструктурата, но и понудата во викенд населбата Вртешка.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека првата фаза почнува со асфалтирање на пристапниот пат.
-Петте подпроекти се однесуваат на изградба на околу еден километар пристапен пат до село Вртешка и планинарски дом во вредност од 8.500.000 денари, потоа мапирање на планинарски патеки, вкупно 14 во износ од еден милион денари, реконструкција и адаптација на кровната конструкција на планинарскиот дом Вртешка, изградба на вештачка карпа за искачување и за сето ова да биде во функционална состојба е набавена и една универзална машина ровокопач, вели Насев.
Планирано е реализацијата на овој голем проект за развој на планинскиот туризам во општината да трае четири месеци, а веќе е и избрана и фирма што ќе ги изведува градежните работи.
– Со овој проект се поддржуваат клучни инвестиции, што придонесуваат одредени дестинации да станат попривлечни за туристите, нудејќи и поатрактивни туристички производи, вели Насев.
Со реализацијата на проектов за викенд населбата Вртешка, што се наоѓа на планината Плачковица ќе биде подостапна за туристите, велосипедистите и секако планинарите.
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип