Караџовски: Осумдесет отсто од регистрираните случаи со Ковид-19 се асимптоматски
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски рече дека во просек 80 отсто од сите регистрирани случаи со Ковид-19 се асимптоматски или се со многу лесна незначителна клиничка слика.
Тој рече дека 12 до 14 проценти имаат лесна клиничка слика односно се со лесно изразени симптоми, а два до четири отсто завршуваат на Клиника.
– За некого тоа се вика температура, слабост, малаксаност, кашлање, отежнато дишење, запушен нос, каде што пациентот ќе остане дома и ќе ја прима терапијата. Просечно, два до четири отсто завршуваат на Клиника. Овие два до четири отсто имаат најчесто воспалителен процес на белите дробови или некој друг коморбидитет што му ја усложнува клиничката слика, рече Караџовски на денешната прес-конференција во одговор на прашање.
Тој посочи дека еден до четири отсто завршуваат на респиратор, а има во просек 15 до 20 хоспитализации дневно.
– Да, здравствениот систем трпи, здравствениот систем има можност да ги растегне тие клинички капацитети и нови интернистички одделенија да постанат ковид одделенија. Меѓутоа се има своја мерка. Лабораториите се тие што ќе можат сукцесивно да набавуваат илјада тестови. Ние финансиски ќе издржиме, тоа не е спорно. Спорно е само кога здравствените работници ќе паднат, додаде тој.
Караџовски истакна дека од минатата недела има 50 студенти на пета и шеста година на Медицинскиот факултет, кои добија можност да навлезат во епидемиологија и да прават епоидемиолошки анкети. За таа цел, како што рече, вклучена е дел од социјална медицина и дел од медицина на трудот.
– Јас останувам до последен момент на браникот. Немам намера да речам дека јас сум најболниот овде. Дека немаме епидемиолози, тоа е факт. Барам строги рестриктивни мерки во делот на казанување. Само на тој начин можеме да опстоиме дека некој ќе се осети дека не треба да прави одредени манифестации со коишто го ремети своето меѓутоа и колективното здравје. Никој не смее да го загрозува моето лично здравје, здравјето на мојата фамилија и вашето здравје. Тој што го загрозува тој треба да одговара, рече Караџовски.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје