-->
-->
Канзас: Пет вагони излетаа од шините, има повредени
-->

Пет вагони на патнички воз со околу 130 патници утрово излетаа од шини во американската сојузна држава Канзас, при што повеќемина се повредени, соопшти локалната полиција.
Во соопштението на железничката компанија „Амтрак“ се наведува дека кратко по полноќ по локалното време во Канзас, во близина ка Доџ Сити излетале неколку вагони на возот на линијата Лос Анџелес - Чикаго, пренесува Си-Би-Ес.
Во возот, во моментот на несреќата се наоѓале 128 патници и 14 членови на екипажот, а сите повредени се вон животна опасност.
На самото место се службите, а истрагата за инцидентот е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
