Кање Вест не се сеќава на нервиот слом

Американскиот рапер, Кање Вест првиот нервен слом го доживеа кон крајот на минатата година откако помина неколку денови во болница. Сега, со месеци после излегувањето од болница, еден пријател на Вест тврди дека раперот воопшто не се сеќава на инцидентот.
Малик Јусуф, близок соработник на Вест, изјави за „Попшугарr“ дека раперот полека се опоравува.
- Јас неодамна бев кај него дома и поминавме заедно повеќе од шест часа. Разговаравме за се, а најмногу за неговото здравје и опоравување. Она што е добро е дека сеќавањата полека му се враќаат, затоа што тој всушност не знае што точно се случило со него. Сега тој е со семејството и тоа е најважно, рече Јусуф.
Кање Вест во ноември беше сместен во болница откако неочекувано ја прекина американската турнеа, во рамки на која требаше да одржи уште 21 концерт. Медиумите тогаш шпекулира дека Канје боледува од параноја и дека не дозволувал ни докторотите да му се доближат.
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, од вторник дожд
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
