Кан за заминувањето на Левандовски: „Нема играч над клубот“
Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, одбива да го одобри заминувањето на Роберт Левандовски.
Како што пренесува Еуроспорт, Кан се спротивставил на одлуката на Полјакот, вториот најдобар стрелец на Баерн на сите времиња, кој изјави дека нема да потпише нов договор и дека го повикува клубот да ги разгледа понудите за него.
– Ние го знаеме овој алармизам од минатото. Тоа не е нешто што ни предизвикува главоболка. Дадовме понуда до неговиот агент. Тој ја одбил оваа понуда. Тоа е негово право. Факт е: тој има договор и ќе го исполни. Ние сме многу јасни и доследни околу тоа. Така стојат работите овде во Баерн. „Нема играч над клубот“, изјавил Кан.
Триесет и тригодишниот фудбалер е во германскиот шампион од 2014 година и има постигнато 344 гола за клубот во сите натпреварувања. Левандовски му помогна на Баерн да освои осум титули во Бундеслигата во последните осум сезони, како и три германски купа. Напаѓачот, исто така, е крунисан како најдобар стрелец во Бундеслигата петта сезона по ред.
Ново на Сител
-
Татко насилно се однесувал кон својата 11-годишна ќерка, го снимал настанот и објавил на социјални мрежи
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров
-
Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак
-
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
-
Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
-
Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван