-->
-->
Камерен концерт и работилница на ФМУ во рамки на 39. ДММ
-->

На третата фестивалска вечер од 39. Денови на македонска музика ќе биде одржан камерен концерт „2:3“ во Музеј на Град Скопје, со изведба на композиции од пет македонски автори.
На програмата се дела од Борјан Цанев, Тодор Трајчевски, Драган Стојковски, Гоце Симоновски и Љубомир Бранѓолица. Ќе настапат виолинистите Симон Поповски и Александар Иванов, пијанистите Сара Николовска-Пројковска, Марија Вршкова и Емилија Попивода, флејтистката Марија Јакимовска, кларинетистите Љупчо Чедомирски и Игор Бакревски, Нинослав Димов на саксофон, Татјана Петрушевска на обоа и Марјан Милошевски на фагот.
На Факултетот за музичка уметност, пак, денеска претпладне ќе се одржи работилница со студентите по композиција на ФМУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
