-->
-->
Каменичани се организираат за собирање средства за немоќно лице чиј дом изгоре од удар на гром
-->

Во Македонска Каменица започна хуманитарна акција за собирање финансиски средства за помош на стара и немоќна жена од село Косевица, на која пред три недели и изгоре куќата по удар од гром. Како што информира хуманистот Дарко Гоцевски од Македонска Каменица, за собирање помош за немоќната старица ќе биде направен фонд на донации преку кој на социјалните мрежи ќе можат да донираат сите хумани граѓани.
-Баба Рајна од село Косевица е жена на 70 годишна возраст која до пред неколку недели живееше мирен селски живот. Но, на 4 јули од гром, се запали и целосно изгоре нејзиниот дом. Моментално баба Рајна живее заедно со својот добиток, без елементарни услови за живот за што и е потребна нашата помош. Целта е да се обезбедат доволно финансиски средства за да изгради една соба во која баба Рајна, ќе може да живее нормален живот. Таа живее сама и има скромни финансиски примања, вели Гоцевски.
Трагичниот настан да биде уште потажен, во пожарот како што додава хуманистот Гоцевски изгорела и целата нејзина заштеда која грижливо ја чувала години наназад.

-Затоа сметам дека е време, повторно да се обединиме во хуманоста и да и помогнеме на баба Рајна. Со тоа како многупати досега ќе покажеме дека хуманоста е наша посилна страна, додава Гоцевски.
Акцијата ќе се реализира под мотото „После дождот ќе изгрее сонце”, а Гоцевски по собирањето на потребните средства, очекува за кратко време да се изгради и потребниот дом во кој ќе живее, немоќната старица од село Косевица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
