Калињак: Закрепнувањето на премиерот Фицо, по обидот за убиство, ќе трае исклучително долго
Закрепнувањето на премиерот Роберт Фицо, по обидот за убиство, ќе потрае „исклучително долго“, изјави денеска словачкиот вицепремиер Роберт Калињак, цитиран од француските медиуми.
Истовремено, болницата во која се лекува Фицо ја дефинира состојбата на премиерот како „задоволителна“.
Словачкиот премиер беше застрелан на 15 мај, по состанокот на владата во градот Хандлова, во централна Словачка. На премиерот му беа извршени две хируршки интервенции, кои траеја неколку часа, во болница во градот Банска Бистрица, каде тој се уште се наоѓа.
-Закрепнувањето на премиерот конечно е на вистинскиот пат. Закрепнувањето ќе биде исклучително долго бидејќи неговите повреди се многу сериозни, рече Калињак по состанокот на словачката Влада, истакнувајќи дека премиерот сега може да јаде.
Според Ерик Калињак, шеф на сите советници на премиерот, кој бил сведок на пукањето врз Фицо, премиерот ја избегнал смртта „за милиметри“.
Од болницата во Банка Бистрица денеска изјавија дека „лекувањето на премиерот продолжува според планираното и состојбата на пациентот е задоволителна“.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни