„Калдрма-матине“ во Сули ан

Во организација на Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК) денеска во Сули ан, во Старата скопска чаршија, ќе се одржи манифестацијата „Калдрма-матине“.
На „Калдрма-матине“ се очекува да биде потпишан меморандум за соработка меѓу неколку општини и регионални асоцијации од Бугарија, Косово и Македонија и да биде отворена дебатата „Традиционалното и модерното или како да се ребрендираат старите урбани јадра (чаршии)“ како продолжение на проектот од минатата година „Калдрмите се живот“, што е иницијатива за (ре)брендирање на старите урбани јадра.
Манифестацијата ќе ја отвори министерот за економија Беким Незири, а организаторите најавуваат и модна ревија на отворено, како и изложба на дела од познати македонски сликари од кои некои и на лице место ќе ги исцртуваат своите платна. Познатиот драмски гуру Бајруш Мјаку, пак, ќе изведе монолог од Сократовата одбрана.
Со ваквите активности, како што велат, сакаат да поттикнат отворање Сокак на уметноста, со атељеа, изложби на отворено и продажни салони, и Сокак на високата мода. со дуќани на брендирани модни новитети и ревии на култни места во Скопската чаршија.
Македонско-бугарската стопанска комора во соработка со општина Чаир и Стопанската комора на северозападна Македонија, и минатата година организираше слична манифестација, насловена „Чаршијата и Пријателите“, која беше поддржана од Град Скопје. Намерата за реализација на вакви економнско-културни настани, според (МБСК), е тие да станат традиција.
„Калдрма-матине“ е поддржана од Министерството за економија, општина Чаир и Стопанската комора на северозападна Македонија.
Ново на Сител
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
