Каков човек: Актерот Киану Ривс (54) со овој потег покажа дека никој не му е рамен
Актерот Киану Ривс неочекувано стекна нови пријатели откако неговиот лет мораше да изврши принудно слетување овој викенд. Овој популарен холивудски актер патуваше од Сан Франциско во Бурбанк во Лос Анџелес кога неговиот лет беше принуден неочекувано да слета во Бејкерсфилд.
Во видео снимките кои ги снимија неговите сопатници, Ривс е виден како презема инцијатива за ревидирање на наредните планови за патување, а на крајот влезе во автобус заедно со другите патници - зошто во тој момент возењето до Лос Анџелес беше побрзо од летањето.
Некои од видео снимктеи на патниците го покажуваат и за време на возењето со автобус. Ривс им читаше забавни факти за Бејкерсфилд на своите сопатници, пред преку ЈуТјуб да им пушти музика што по потекло е од овој град (кантри музика од 1950 која настанала во ова рурално место).
Подоцна, откако стигнале на своите дестинации, Ривс е забележан како со останатите патници оди во еден ресторан за брза грана, како да е еден од нив - сосема обичен човек, а не еден од најпознатите актери на денешницата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата