Како нови: Еве како вашите патики да станат повторно блескаво бели!

Белите патики се едни од најпродаваните модели на обувки низ целиот свет, но тука постои еден мал проблем - нивната белина ќе се изгуби за кратко.
Но постои решение и начин да им ја вратите нивната бела боја и свежина! Припремете ја оваа смеса, исчистете ги патиките и повторно ќе изгледаат како сега да сте ги купиле.
Состојки:
-кесичка сода бикарбона
-малку вода
-малку оцет

Припрема:
Измешајте ги сите три состојки. Вода и оцет ставете отприлика приближно исто, а во количина заедно со содата бикарбона да добиете густа паста.
На стара четка за заби нанесете од пастата и така изрибајте ги патиките. Потоа исперете ги со топла вода и оставете ги да се исушат.
Оваа домашна паста е одлична како и за платнени, така и за кожни патики, а тие кој ја пробале велат дека симнува тврдокорни и стари дамки.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
