Кајли Миног за борбата со ракот: Траумата сè уште ме прогонува

Кајли Миног проговори за долгорочните ефекти од нејзината борба со ракот на дојка, велејќи дека искуството низ коешто минала во 2005 година и денес сè уште влијае на нејзиниот живот.
Дијагнозата ја добила на 36 години, што довело и до откажување на многу концерти. Подоцна се откри дека болеста првично била погрешно дијагностицирана. Инаку, австралиската пејачка со години зборува за нејзиното закрепнување и емоционалните последици. Во ново интервју за „Би-би-си њуз (BBC News), Миног повторно истакна колку бил тежок периодот и колку бавно се обработуваат таквите искуства.
– Од каде воопшто да почнам? Шок!, рече таа, потсетувајќи се на моментот кога дознала за нејзината дијагноза, додавајќи дека во тоа време се обидувала да разбере нешто за кое никогаш порано не размислувала. – Тоа е „забрзан курс“ за нешто многу длабоко и долготрајно. Тоа чувство сè уште ме прогонува, призна таа.
Миног го искористи интервјуто и за да ја најави документарната серија „Кајли (Kylie)“ на Нетфликс, каде што првпат подробно зборува за личниот и професионалниот живот. Како што вели, долго време одбивала слични проекти.
– Па, ако не сега, кога?, рече таа, објаснувајќи ја својата одлука – сега да се согласи на снимањето.
Заедно со серијата, таа најави и нов сингл со наслов „Light Up“. Поп-пејачката, всушност, и во претходни интервјуа навести дека размислува за нова музика.
МИА
Ново на Сител
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
