Каевски: Сакаме да го вратиме сјајот на атлетиката во нашата држава
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, очекува во периодот што следува, атлетиката во нашата земја да биде подигнато на едно повисоко ниво. Прва можност за популаризација на „кралицата на спортовите“ во Македонија е претстојното Европско првенство во клупски шампионат трета лига кое на 10 и 11 август ќе се одржи во Скопје.
– Една од најголемите заложби на Агенцијата за млади и спорт е организирање на големи манифестации кои што не само го промовираат спортот туку и убавините на нашата земја. Со организација на ова ЕП го ставаме Скопје на спортската светска мапа кој ќе биде домаќин на преку 430 учесници од повеќе од 14 земји. Во соработка со Атлетската федерација и во иднина ќе правиме вакви и слични активности со цел да ја вратиме атлетиката на пиедесталот на спортови во нашата држава, изјави Каевски на денешната прес-конференција.
Македонија на европскиот шампионат ќе ја претставуваат 26 атлетичари, од кои најмногу се очекува од Јован Стојоски, Дрита Ислами и Дарио Ивановски.
Претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска соопшти дека се е подготвено за евро-шампионатот. Таа упати апел до вљубениците во атлетиката и спортот воопшто во голем број да дојдат на стадионот и со своето присуство да го збогатат овој меѓународен настан.
Најголеми фаворити за влез во втората лига се Исланд и Србија, а покрај нив ќе учествуваат и натпреварувачи од Ерменија, Исланд, Србија, Албанија, Косово, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора….
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница