-->
-->
Јувентус се измачи да го совлада Киево
-->
Актуелниот италијански шампион Јувентус мораше многу да се потруди за да ги освои трите бодови во дуелот против Киево, кој средбата ја заврши со двајца играчи помалку.
На гостувањето во Верона, а во рамките од 22.коло на Серија А, Јувентус со 2-0 го победи Киево.
Иако фудбалерите на „старата дама“ постојано ја имаа иницијативате, сепак отпорот на домаќините го скршија во 67.минута кога Сами Кедира постигна гол, по акцијата на Бернардески, за водство од 1-0.
Тој резултат беше актуелен се до две минути пред крајот (88) кога Гонзало Игуаин го постигна вториот гол за Јувентус.
Со трите освоени бодови и вкупно 56 Јувентус го превзеде првото место на табелата од Наполи кој денеска (од 15 часот) против Болоња го игра својот меч од оваа рунда.
Дерби дуелите ќе се играат во вечерните термини во кои Милан ќе го пречека Лацио (од 18 часот), а Рома ќе биде домаќин на Сампдорија (од 20:30 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар