-->
-->
Јувентус домаќин на Наполи во првиот полуфинален дуел во „Копа Италија“
-->

Во фудбалскиот Куп на Италија денеска и утре ќе се одиграат првите полуфинални натпревари.
Бранителот на трофејот и актуелен шампион на Јувентус екипа која е освојувач на „Копа Италија“ во последните две сезони, ја пречекува екипата на Наполи, која за последен пат триумфира во ова натпреварување пред три години.
Овие два тима сезонава ги одиграа двете првенствени средби, во кои победи остварија фудбалерите на Јувентус со 3-1.
Вечерашниот натпревар меѓу Јувентус и Наполи ќе започне во од 20 часот и 45 минути, термин во кој утревечер ќе се игра вториот полуфинален меч, во кој за место во финалето ќе се борат римските градски ривали Рома и Лацио.
Реванш полуфиналните средби на програмата се на 5 април, додека финалето е закажано на 2 јуни и тоа на „Олимпискиот стадион“ во Рим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
-

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
-

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик
-

Скопјанец обљубил малолетничка и го снимал сексуалниот чин, па се обидел повторно
-

Приведен 15-годишник од Велес, украл возило и со него удрил во бетонски ѕид
-

Нов состав на Универзитетскиот сенат на УКИМ, за претседател со една година мандат е избран проф. Владо Бучковски
-

Украина нападна трафостаници во Крим, полуостровот остана без електрична енергија
