-->
-->
Јутарњи лист: Кој го „допингувал“ Адеми?!
-->

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е соочен со двегодишна суспензија од УЕФА, откако негвиот допинг тест направен по натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Динамо и Арсенал, бил позитивен.
Адеми, кој непријатната вест ја дозна на подготовките на македонската репрезентација, веднаш го напушти Скопје и се врати во Загреб, каде му е направен нов тест и доколку и Б наодот биде позитивен, тогаш се соочува со суспензија.
Неговиот клуб Динамо Загреб нема да сноси никакви последици, односно ќе му останат бодовите кои на теренот ги освои против Арсенал.
Како што пренесува jutarnji.hr, по мечот со Арсенал, покрај Адеми на допинг контрола бил повикан и голманот на Динамо, Иво Пинто, чиј тест е негативен.
Поради ова од Динамо се убедени дека позитивниот тест на Адеми е предизвикан од супстанца која тој не ја добил од клупските лекари.
Проблематично е тоа што Адеми, кој во август имаше повреда на колкот и поради која ги пропушти двете плејоф средби против Скендербег во ЛШ, не бил цело време под надзор на клупските лекари.
Според jutarnji.hr, тој извесен период бил со македонската репрезентација, која во септември се подготвуваше за мечот со Шпанија, а наводно лекарскиот тим на македонската репрезентација му препорачал одредени лекови.
Исто така, тој имал голема желба да игра против Арсенал во првото коло во ЛШ, па сам побарал помош од некој доктор од Сплит.
Дали Адеми послушал некој од тие совети не е познато, но познато е дека тестот покажал дека тој во организмот имал стероид кој може да се пронајде во стотина суперелементи и кој е забранет од УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
