Јурова загрижена за говорот на омраза кон Ромите во Италија

Европската комесарка за правда, Вера Јурова ги предупреди италијанските политичари дека „си играат со оган“ кога станува збор за говорот на омраза кон Ромите.
Во одредени нацистички документи пишува дека е бесполезно да се хранат нивните усти. Ова се чудни времиња кои потсетуваат на мрачно минато, ако не ја запомнеме лекцијата, таа може да се повтори, изјави Јурова.
Таа порача дека постојат категоризации на одредени делови од општеството и дека против говорот на омраза треба да се бори со дијалог и предупредувања.
Реакцијата на еврокомесарката доаѓа по изјавите на италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, кои неодамна изјави дека планира да ги протера Ромите од Италија, но дека „за жал ќе мора да се задржат италијанските Роми бидејќи нив не можеме да ги протераме“.
Салвини на изјавите на Јурова одговори дека е „нонсенс од Брисел“ и дека сакал да воведе „правила и ред“.
Претседателот на Европскиот Парламент, Италијанецот Антониот Тајани, пред неколку дена исто така беше мета на критики поради неговата изјава дека Италија не треба да воведе основен граѓански приход затоа што тој ќе одел во џебовите на Ромите.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
