Јункер. САД не можат толку едноставно да се повлечат од Париската спогодба за климата
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп да не ги повлекува САД од Париската спогодба за климата, јави ДПА.

Во Берлин на дебата за иднината на Европа, Јункер изјави дека Американците не можат едноставно да ја напуштат спогодбата и оти за тоа би биле потребни години.
- Ако во следните часови или денови американскиот претседател каже дека сака САД да се повлечат од Париската спогодба, Европа е должна да каже: Не е во ред вака да се постапува, нагласи претседателот на ЕК.
Трамп изјави дека оваа одлука ќе ја објави денеска попладне.
Јункер нагласи дека климатските промени ставаат во ризик 83 држави да исчезнат од мапата на светот, поради зголемувањето на нивото на морињата.
- Не станува збор само зa иднината на луѓето во Европа, туку и за иднината на целото човештво, посочи претседателот на ЕК.
Тој го предупреди американскиот претседател дека не може да биде толку лесно, како што тој мисли, да се повлече од договорот. Де фактo на Вашингтон му требаат три до четири години да се повлече од спогодбата, рече Јункер и посочи дека идејата САД „едноставно да исчезнат“ од зделката е погрешна.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
