Јункер: По Брегзит, Германија ќе има главна улога во ЕУ
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска во интервју за весникот „Билд“ дека Берлин ќе има главна улога во ЕУ по гласањето во корист на Брегзит.
- Германија ќе продолжи да игра централна и дури уште поважна улога во ЕУ, смета Јункер.
Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник ги поканила во Берлин францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а за денеска е предвидена средба на министрите за надворешни работи од шесте земји основачи на Унијата, исто така во Берлин.
- ЕУ сигурно не е совршена, но е најдоброто со кое располагаме, за да ги собереме земјите од Европа на една и иста маса, со цел да постигнеме компромис луѓето да живеат во мир. Велика Британија ќе ни недостасува на оваа семејна маса, истакна Јункер.
Тој ги потенцира и одговорноста и противречноста на ставот на британскиот премиер Дејвид Камерон.
- Кога човек од понеделник до сабота ја проколнува Европа, тогаш тешко е в недела да премине во убеден Европеец, нагласи шефот на ЕК, според кого Брисел нема никаква одговорност за резултатите од референдумот, кој е побаран од Камерон, а не од ЕП, ЕК или Европскиот совет.
Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер оцени дека не треба да се носат избрзани одлуки по Брегзит, истакнувајќи дека „е сосема јасно во вакви моменти никој да не биде хистеричен или да се парализира“.
Шефот на германската дипломатија верува дека земјите кои ќе учествуваат на денешниот состанок во Берлин „можат да испратат и порака дека никому нема да дозволиме да ни ја одземе Европа“.
Ново на Сител
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места