Јункер му испрати писмо со честитка на Пендаровски
Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, му испрати писмо со честитка на новоизбраниот шеф на македонската држава, Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Брисел.
Јункер му ја честита победата на Пендаровски во име на целата Европска Унија.
-Ја користиме оваа прилика за да ја потврдиме уште еднаш недвосмислената поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Западниот Балкан, пишува Јункер.
Понатаму тој го охрабрува новиот претседател на Северна Македонија да го продолжи реформскиот пат кон ЕУ на одржлив начин, со оглед на тоа дека овој процес се заснова на заслуги, потсетува шефот на Европската Комисија и го уверува Пендаровски дека земјата ја има „апсолутната поддршка“ на ЕК за неговите напори во таа насока.
-Европската Унија смета дека Преспанскиот договор е извонреден политички успех, тој е круцијален чекор на вашиот пат кон Европската Унија, оценува Жан Клод Јункер и повторува дека тој претставува модел за помирување за целиот регион.
Европската Комисија му посакува успешен претседателски мандат на Пендаровски и очекува и натаму да соработува со Северна Македонија за градење обединета и просперитетна Европа, стои во писмото на Јункер до Пендаровски.
Ново на Сител
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка

