Јункер: И натаму постои ризик од Брегзит без договор
И натаму постои загриженост дека Велика Британија би можела да ја напушти Европската унија без договор, предупреди претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Тој побара од Лондон да го искористи шестмесечното одложување на Брегзит за разработка на деталите околу своето истапување од Унијата.
– Никој не знае како ќе заврши Брегзит. Тоа создава голема неизвесност. И натаму постои страв дека ќе дојде до Брегзит без каков и да е договор за излегувањето, изјави Јункер во интервју за германскиот весник „Функе Медиангруп“.
Тој појаснува дека иако одложување на Брегзит до 30 октомври не нуди премногу јасност во тој поглед, Велика Британија треба паметно да го искористи тој период.
– Се надевам дека Британците ќе го искористат тоа време, а не повторно попусто да го потрошат. Не можеме до бесконечност да го продолжуваме нејзиното излегување. Најдобро решение за Британците би било да го прифатат договорот во текот на договореното време, истакна Јункер.
Договорот за Брегзит, кој го испреговараа британската премиерка Тереза Меј и ЕУ во три наврати е одбиен во британскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци