Јункер го поддржа германско-рускиот проект „Северен поток 2“
Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер го поддржа гасоводот „Северен поток 2“ што е заеднички проект на пет европски компании, а кој треба да создаде алтернатива за гасот кој што сега во ЕУ доаѓа преку Украина.
На конференција во Русија, Јункер изјави дека „силно поддржува за цевководи кои што обединувааат наместо цевководи кои што делат“ алудирајќи на новиот руско - германски гасовод за кој согалсност даде и владата во Берлин.
Според Јункер Еу е подготвена да разговара за подобри однноси со Русија но предходно Москва мора да го почитува договорот за прекин ана огнот потпишан во Минск и да го почитува меѓународното право, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
На меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петерсбург поддршка за гасоводот дал и поранешниот министер за енергија на Велика Британија Шарлс Хендри според кого требад се диверзифицира транспортот на руски гас кон ЕУ.
Наспроти Јункер и Хендри експертот за енергија на Европската Унија Алан Рајли пред еден месец изјави дека изградбата на „Северниот поток 2“ може да предизвика војна. Британскиот експерт смета дека ако тојбиде изграден Украина ќе загуби речиси 2 милијарди евра приход од транзит на рускиот гас по што Русија може да предизвика нови тензии во регионот.
Ново на Сител
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран