Свет
10. February 2017 - 12:26

Јункер: ЕУ наскоро ќе и даде 600 милиони евра и визна либерализација на Украина

Европската унија во следните недели ќе ја исопрача втората транша од паричната помош за Украина која ќе изнесува 600 милиони евра, потврди денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по средбата во Брисел со украинскиот премиер Володимир Гројсман.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, состојбата во источна Украина и втората финансиска инјекција од Унијата за Киев биле главни теми на разговорот меѓу Јункер и Гројсман, по кој челникот на Еврокомисијата доби и покана да ја посети украинската држава за време на Изборот за песна Евровизијата, што ќе се одржи во мај оваа година во Киев.

- Состојбата во источна Украина е прашање на голема загриженост за мене, и премиерот Гројсман ми објасни што се случува на теренот. Исто така, исплатата на втората транша од паричната помош за Укарина е договорена и 600 милиони евра од Буџетот на ЕУ следните недели ќе им бдиат достапни на Украинците. По реформските напори што ги видовме во Укриана, Украинцита треба да видат нешто за возврат. Ние ја поддржуваме Украина не само во конфликтот со Русија, туку и генерално наш став е дека не само соседите, туку и сите треба да го почитуваат суверенитетот на Украина, истакна Јункер по средбата.

Претседателот на Европската комисја, потсети дека ова му е втор состанок со украинскиот премиер и истакна дека Гројсман го потсетува на него кога бил млад и кога на 5 септември 1997 година го организирал првиот Самит на ЕУ и Украина.

Премиерот на Украина, пак, порача дека помошта од 18 милијарди гривни (600 милиони евра), што неговата земја ќе ја добие од Унијата е многу важна за Киев во тешките услови во кои се наоѓа.

Во таа пригода, тој му упати покана Јункер во мај да ја посети Украина, кога земјата ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија, која првиот човек на Еврокомисијата ја прифати, со напомена „ако заедно со Гројсман отпеат таму нешто во дует“.

- Исто така, важно е да напоменам дека до летото, очекувам ЕУ да овозможи визна либерализација за патување на украинските граѓани во Унијата, нагласи Јункер.