-->
-->
Јунајтед вечерва без Рашфорд против Севиља во Лига Европа
-->

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе го пропушти денешниот прв четвртфинален натпревар против Севиља во Лига Европа, поради мускулна повреда, соопшти англискиот клуб.
Во соопштението се додава дека Рашфорд ќе пропушти уште „неколку“ други натпревари поради повредата.
Рашфорд беше заменет во 80. минута на саботниот премиерлигашки натпревар против Евертон и веднаш почна со процесот на рехабилитација.
Англискиот репрезентативец досега сезонава постигна 28 голови за Манчестер јунајтед и го предводеше клубот до титулата во англискиот Лига куп.
Според британските медиуми, се очекува Рашфорд да се врати во составот на Јунајтед пред крајот на сезоната
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
