Јубилејно 10. издание на театарскиот фестивал „Лица без маски“

Под мотото „Остави трага“ утре започнува 10. јубилејно издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ во организација на независната продукција „Театар 007“ и Конгресен центар „Александар Македонски“.
Селекторот на фестивалот Игор Ивковиќ истакна дека на годинaшниот ИТФ „Лица без маски“ ќе бидат одиграни седум претстави кои се, како што рече, критички и кореспондираат со суровата реалност во која живее современиот човек насекаде во светот.
- Почнуваме со една жестока политичка сатира на независниот театар од Косово „Ќендра Мултимедиа“ со претсавата „Неколку актери и неколку свињи и крави и премиер и милка чоколада крава и неколку локални меѓународни инспектори“, која се занимава со прашањето за европската администрација, бирократизација за излегувањето на Велика Британија од европското семејство и како таа празнина да се пополни со евантуалниот влез на Косово во големото европско семејство, информира Ивковиќ.
Појасни дека на фестивалот претставите кои се во главната натпреварувачка програма се движат на линијата на орвелизмот и кафканијанството кои соодејствуваат со дистопијата која Орвел ја пишувал во неговите романи, а денес станува реалност.
- Среќни сме и задоволни што „Лице без маски“ како фестивал и концепција можеби индиректно ги поттикнува и македонските театарски уметници да творат независно. Последната година е видлив развојот на Македонската независна продукција, особено преку претставите коишто и годинава ги селектиравме во нашата програма, истакна Ивковиќ.
Директорот на фестивалот Миодраг Костиќ информира дека за оваа година добиле околу 80 апликации од кои селектирани се седум претстави, а ќе се изведуваат на повеќе сцени. Отворањето е на сцената на Драмски театар, а ќе се користат и сцените на Театар комедија, Дом на АРМ и малата сцена при Конгресениот центар „Алексанар Македонски“. Претставите ќе се изведуваат од 20 часот додека во деновите кога има по две, вторите ќе се играат во 22 часот. Оваа година фестивалот ќе го отвори Снежана Конеска-Руси, а ќе бидат доделени и три награди - за најдобра претстава Гран-при, за режија и најдобра актерска игра.
Во септември оваа година, според организаторите, ќе биде издадена монографија во која ќе бидат прикажани сите учесници и освоени награди на фестивалот во кој досега учествувале околу 80 до 100 претстави со над 2.000 учесници.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
