-->
-->
Јовиќ: Спортинг е фаворит во сабота
-->
Ракометарите на Металург по двата пораза во првите две кола од Лигата на шампионите ги очекува нов тежок натпревар. Во сабота во Скопје ќе гостува португалскиот првак Спортинг, екипа која има една победа во групата.
- За дуелот со Спортинг можам да кажам дека тие се фаворити. Тоа е искусен тим, со цврста одбрана и добра транзиција. Сите обврски се исполнети и сметам дека не е дозволено да играме како во дуелот со Бешикташ. Затоа мора и да се трансформираме од „мачиња во лавови“, изјави заменик тренерот на Металург Александар Јовиќ, кој во отсуство на Лино Червар беше на прес конференцијата.
Голманот Дарко Арсиќ, кој имаше слаб ден на дуелот со Бешикташ изјави:
- Ракометот е колективна игра. Ја преземам одговорноста за слабиот настап на дуелот со Бешикташ, екипата немаше помош од мене. Ниту еден ривал не е јак, ако ние му дозволиме да игра. Во сабота ќе дадеме се од себе и ние ќе бидеме тие што ќе ја постигнат победата.
Дуелот Металург - Спортинг се игра во сабота во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола