-->
-->
Јокиќ: Билансот 12-4 не ја одразува реалноста, не сме толку добри
-->

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, ја критикуваше играта на тимот, и покрај високиот пласман на табелата.
По поразот од Сакраменто пред два дена на домашен терен со 123:128, тој ги повика своите соиграчи итно да се подобрат.
-Кингс беа поагресивни во нападот. Ние немавме помош во одбраната. Постојано бевме чекор зад нив. Билансот од 12-4 не ја одразува реалноста. Не сме толку добри. Треба значително да се подобриме ако сакаме да постигнеме нешто сериозно. Точно дека играме подобро, но, треба да бидеме во најдобра форма цело време, секој натпревар во секој посед, рече Јокиќ.
Денвер во моментов е втор во Западната конференција на НБА-лигата со биланс 12-4 (победи-порази), Оклахома е лидер со 16-1.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
