ЈКП „Водовод“-Битола ќе ја осовременува филтерската станица „Дихово“

Јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола продолжува со изведба на нови водоводни линии и објекти на дотраената водоводна мрежа и реконструкција на водоводни објекти и линии одобрени од Советот на општина Битола.
Од ЈКП „Водовод“-Битола информираат дека наскоро ќе почне осовременување и доопремување на филтерската станица „Дихово“.
-З а осовременување и доопремување на хемиската и микробиолошката лабараторија во филтерската станица „Дихово“ во истоименото подпелистерско село, и добивање брзи и валидни резултати во процесот на преработка на водата за пиење ќе се набават апаратури и инструменти за следење на квалитетот на водата, односно термостат за микробиолошка лабараторија и автоклав со поголем капацитет заради зголемен обем на работа во микробиолошката лабараторија, посочуваат од битолски „Водовод“.
Заради подобрување на процесот на перење на филтерските полиња предвидена е и реконструкција на хидромеханичката опрема во машинската сала на филтерницата, информираат од ЈКП „Водовод“-Битола.
Ново на Сител
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
