Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024

Бројот на обвиненија што лани ги поднеле јавните обвинителства во земјава е зголемен за 334 случаи во споредба со 2024-та, најмногу поради порастот на обвинителните акти, покажува Годишниот извештај на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, што го презентираше државниот обвинител Савески на денешната седница на Советот на јавните обвинители.
Тој нагласи дека извештајот за 2025 година содржи статистички податоци за работата на 22 основни јавни обвинителства, четири виши и Обвинителство за организиран криминал и корупција.
Податоците за пријавени лица покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 25.615 новопријавени лица, а од 2024 пренесени 51.474, со вкупно 77.089 случаи.
Савески подвлече дека обвинителствата работеле законито, стручно и релативно ажурно, но проблем останува недостигот на човечки ресурси и просторни услови.
Тој информираше дека од вкупно 261 јавен обвинител, пополнети се 194 места, што значи дека 35 проценти од позициите.
Советот на јавните обвинители денеска го усвои новиот Правилник за спроведување на интервју во постапките за избор и начин на презентација на јавните обвинители. Со правилникот се обезбедува поголема транспарентност и формална рамка во процесот на избор.
На денешната седница Советот го разгледа и оцени Годишниот извештај на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 2025 година, кој го презентираше државниот обвинител Савески.
Советот денеска ги усвои записниците од 48-та и 49-та седница, а беше донесена и одлука по приговорот за оценување на јавниот обвинител Оливера Нечаковска, која доби позитивна оценка со максимум бодови.
МИА
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
