Јавниот превоз во Париз и околината повторно нарушен поради штрајкот за реформата на пензискиот систем
Јавниот превоз во Париз и парискиот регион и денеск е нарушен и се довива со голема отежнатост, откако синдикатите одлучија да продолжат со штрајкот против реформата на пензискиот систем, јавува дописникот на МИА.
Изутринава само во Париз и неговиот регион се измерени 470 километри автомобилски колони, поради преоптоварените патишта. Ова е последица, најмногу, поради штрајкот на вработените во јавниот превоз.
Десет од шеснаесет линии на метрото во Париз се затворени (2, 3, 3бис, 5, 6, 7бис, 10, 11, 12 и 13). Автоматските линии 1 и 14 ќе циркулираат нормално со ризик од преполнетост за време на најфреквентните часови (6:30-9:00 и 16:30-19:30). Слично е и за линијата Орливал, која ќе сообраќа нормално.
Линиите 4 и 7 се многу нарушени со само една третина од возовите во најфреквентните часови, а повеќе метро станици ќе бидат затворени. Линијата 8 останува отворена само помеѓу Кретеј Поант ду лак и Реји-Дидеро, со само една третина од возовите во најфреквентните часови и со една четвртина попладне.
На линијата 9, сообраќајот останува многу силно нарушен меѓу плоштатот на Нацијата и Мери де Монтреј, со 50 отсто от возовите наутро и сп само една третина попладне, и помеѓу Понт де Севр и Франклин Рузвелт, со само една третина од возовите наутро и една четвртина од возовите попладне.
Сообраќајот останува многу нарушен и на РЕР A со само половина од возовите во најфреквентните часови, а на линијата РЕР Б ќе се движат само една третина од возовите и тоа во најфреквентните часови. Интерконекцијата на северната железничка станици во Париз останува прекината.
Слично и на меѓуградските линии, така од брзите возови ТГВ сообраќа секој четврти воз, додека од регионалните возови само една третина од возовите.
Ново на Сител
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд