Јавна расправа за Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска организира јавна расправа Јавна расправа по Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност, во прво читање што беше доставен од Владата.
Законот се носи во редовна постапка и е на дневен ред на 104. планерна седница, која треба да продолжи денеска во 14:00 часот.
Основната цел на предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна и применлива правна рамка за остварување на едно од темелните начела на уставниот поредок на земјата - соодветната и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции. Интенцијата е да се обезбеди доследна примена на овој принцип преку воспоставување јасни правила и механизми, кои ќе овозможат еднаков пристап до вработување и унапредување, како и фер и транспарентни постапки во јавниот сектор.
Воедно, како што се наведува во предложениот законски текст, се настојува да се постигне соодветен баланс помеѓу потребата од застапеност на припадниците на сите заедници во земјата, од една страна, и неопходноста од обезбедување на професионална, ефикасна и политички неутрална администрација, од друга.
На јавната расправа се повикани да учествуваат пратеници, вицепремиерот Беким Сали, како владин претставник, и претставници на експертската јавност...
Комитетот за односи меѓу заедниците на седница на 4 јуни изгласа овој закон да се носи со т.н. мал бадентер односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници.
Пратениците од Албанската лига на Зијадин Села имаат поднесено исто така Предлог закон за правична застапеност и не го поддржуваат владионото законско решение.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
