Јас сум само мајка: Северина со потресна порака го запали интернетот
На социјалната мрежа Фејсбук осамна група по името „И јас сум мајка“ во знак на поддршка на Северина Којиќ. Поддршка на пејачката и дадоа и бројни познати дами, а на Инстаграм се огласи и нејзиниот сопруг Игор кој напиша извадок од книгата „Бекстејџ“ со што ја поддржа својата жена.
По Игор, Северина се огласи и таа состави и едено лично видео и им се заблагодари на фановите за вниманието што и го даваат во овој тежок период.
„Драги мајки, баби, дедовци, тетки, стрини и стриковци и сите добри луѓе кои сами доброволно се вклучивте во оваа приказна, сакам да ви заблагодарам за безусловната поддршка и потпора. Ви благодарам на овие прекрасни фотографии. Му благодарам на мојот драг Ѓорѓе Балашевиќ за оваа песна. Не сум Северина, само сум мајка“, напиша во опсиот на видеото и својата интерпретација на „Успаванке за дечаке“ на Балашевиќ.
Да потесетиме, судот донесе привремена одлука нејзиниот син недела дена да живее со мајката, а една недела со таткото Милан Поповиќ. Според таа одлука, детето една недела во јули, а една во август ќе помине со пејачката, а останатите со таткото.
Судот во Загреб донесе одлука Северина 200 дена во годината да не може да го гледа синот и дека смее да му се јавува само еднаш дневно и тоа во 20 часа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток