Јапонски научници: Ковид-19 причинува со месеци отежнато дишење, слабост и опаѓање на косата кај оздравени пациенти
Јапонски научници анализирале состојба на пациенти кои се опоравувале од Ковид-19, кои биле лекувани во болници. Една од последиците на болеста предизвикана од нвиот коронавирус е опаѓање на косата, како и со месеци отежнато дишење и чувство на слабост, открија научниците од Националниот центар за глобално здравје и медицина во Токио, јави телевизискиот канал НХК.
Студијата покажа дека кај оние кои биле во болница со Ковид-19, четири месеци по закрепнувањето, симптомите на отежнато дишење остануваат кај 11 отсто од луѓето, слабост чувствуваат 10 отсто, нарушувања на мирисот и вкусот – 10 отсто, болна кашлица – четири отсто.
Покрај тоа, два месеца по појавата на симптоми на Ковид-19, една четвртина од отпуштените пациенти почнале да се жалат на опаѓање на косата.
Научниците забележуваат дека слични симптоми се забележуваат и кај оние кои се излекувале од ебола.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти