-->
-->
Јапонски цреши ќе ја красат реновираната „Иван Козаров“
-->

Завршија градежните активности на улицата “Иван Козаров”. Во изминатиот период на оваа локација се работеше на реконструкција на тротоарите и изградба на паркинг простор.
На една од најфреквентните улици во Кисела Вода, е извршено и бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, а со поставување на нови сливници, решен е и проблемот со атмосферската вода која по обилни дождови се задржуваше на оваа улица. Паралелно со овие градежни активности, се изврши подземно каблирање на електрична и кабелска инсталација од страна на кабелските оператори и службите на ЕВН.

Истовремено, оваа улица беше и хортикултурно уредена. Насаден е дрворед од јапонски цреши кои ќе се одржуваат со современ систем за наводнување ”капка по капка”, во должина од 300метри, кој најрационално ги искористува расположливите количини на вода и придонесува во зголемување на квалитетот на насадите. Ќе бидат насадени и трева и цвеќиња. На тротоарите се поставени и клупи и корпи за отпадоци.

Општина Кисела Вода за овој проект издвои околу 4 милиони денари од својот буџет. Во насока на намалување на сообраќајниот метеж, која беше една од целите за реализација на истиот, би сакале да апелираме до сите граѓани да го почитуваат бележаното паралелно паркирање, како би имало две слободни ленти по кои еднонасочниот сообраќај би можел непречено да се одвива.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во амбулантата во КПУ „Идризово“ пронајдени четири пакувања со бела прашкаста материја
-

Лидерите на ЕУ го зголемуваат притисокот врз Орбан да престане да го блокира кредитот за Украина
-

Продолжениот викенд променливо облачно, со повремен засилен северен ветер
-

РФМ: Завршниот турнир во ракометниот Куп ќе се игра во Струмица
-

Шмајхел најави можен крај на кариерата поради тешка повреда
-

Клебо доби лекарска дозвола за настап на завршницата во Светскиот куп
-

Голманот на Барселона Гарсија ќе биде надвор од терените неколку недели
-

Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите на КОНКАКАФ
