Јапонија вработува нинџи, почетна плата 1.400 евра
Секој динамичен и мистериозен човек кој бара постојана работа, својата среќа наскоро може да ја најде во Јапонија, каде за добра плата се бараат ни помалку, ни повеќе, туку вистински нинџи.
За месечна плата од околу 1.400 евра, нинџите нема да мораат да спроведуваат тајни задачи, ниту пак да се маскираат за да изршат атентат, тукѕ ќе бидат туристички водичи во кругот на древниот дворец Нагоја во префектурата Аичи.
Нинџите ќе добијат едногодишен договор кој ги опишува обврските за вршење акробации својствени на нинџите, но и фотографирање со туристите и демонстрирање на вештини за користење на оружје.
Префектурата Арчи, конкурсот не го објави во матичната земја, туку бара само странски државјани кои се страсно заљубени во јапонската култура.
Исто така, нинџите немораат да зборуваат течно јапонски, затоа што презентациите ќе се изведуваат на англиски јазик.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи