Јапонија не успеа да ја лансира новата вселенска ракета

Јапонија денеска не успеа да ја лансира својата нова вселенска ракета H3, прва од ваков тип во последните три децении, бидејќи моторите на леталото не успеаја да стартуваат.
За време на настанот, кој се емитуваше во живо, тим инженери од јапонскиот космодром Танегашима не успеа да го запали главниот мотор на ракетата по завршувањето на одбројувањето на лансирањето, оставајќи ја ракетата висока 57 метри на лансирната рампа, заедно со сателитот за набљудување на копното Аlos-3, кој е опремен со инфрацрвен сензор дизајниран да детектира балистички проектили, пренесува јапонската новинска агенција Kјодо.
Јапонската агенција за истражување на вселената соопшти дека ја истражува причината за дефектот на моторите.
Јапонија ја дизајнираше ракетата H3 за да обезбеди независен пристап до вселената за своите научни и воени тимови и да конкурира на глобалниот пазар за лансирање сателити.
Ракетата е дизајнирана да носи владини и комерцијални сателити во орбитата и да доставува екипажи до Меѓународната вселенска станица.
Планирано е идните верзии на ракетата да го носат товарот и до лунарната вселенска станица „Гејтвеј“, која НАСА планира да ја изгради како дел од програмата за враќање на Месечината.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
