Јапонија: Не е време за дијалог, треба да се изврши притисок врз Пјонгјанг

Портпаролот на јапонската Влада, Норио Маријама изјави денеска дека сега не е моментот за дијалог, туку треба да се зголеми притисокот врз Северна Кореја.
Тој на средбата со претставници на ОН истакна дека „дијалог без дијалог е безначаен“.
Според него, Јапонија го разгледува воведувањето на нови санкции против Пјонгјанг, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на увозот на нафта.
- Треба да видиме кои санкции се најуспешни, изјави Маријама.
Портпаролот ги повика сите земји членки на ОН да ги усвојат санкциите, а Кина и Русија да го употребат своето влијание и да одиграат „поконструктивна улога“ со Северна Кореја.
ЕУ, исто така, соопшти денеска дека разгледува можност за воведување на поостри санкции врз Северна Кореја поради тестирањето балистички ракети, со цел да се спречи таа земја да продолжи со финансирање на развојот на нуклеарно оружје.
- Северна Кореја е држава против која ние имаме најрестриктивни мерки и одлучивме да го разгледаме воведувањето на посилни мерки преку целосна соработка со нашите меѓународни партнери, истакна шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ја изразија потребата од дипломатско, а не воено решение за решавање на проблемот, оставајќи ја отворена вратата за дијалог.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
